Резултат 4: Зајакната свест за ефектите од пристапувањето кон ЕУ

Интервенциите на проектот целат кон комуникација на процесот на пристапување во ЕУ кон општата јавност, како и вклучување на граѓанските организации и медиуми во сите фази на пристапниот процес.

Проектот го зајакнува активното вклучување на граѓанскиот сектор и медиумите, и преку доделување на грантови го поттикнува нивното учество во активности за кои се смета дека се од широк јавен интерес и кои го поддржуваат процесот на пристапување на земјата во ЕУ.

Исто така, проектот го зајакнува капацитетот на медиумите за известување за процесот на интеграција во ЕУ и за значењето на овој процес за обичните граѓани, преку организација на обуки за новинари кои се спроведуваат од искусни експерти за медиуми, новинари и службеници од ЕУ и државната администрација кои се одговорни за интегративниот процес.

Активностите во овој резултат се финансирани од Шведска.