Резултат 1: Подобрен пристап до вработување

Проектот придонесува кон создавање поголеми можности за пристојно вработување или само-вработување преку поддршка на државните институции во спроведување на обуки, обезбедување на менторска поддршка и поврзување на квалификувани работници со локалните компании. Досега дваесет старт-ап бизниси  се избрани за да добијат опрема која им е потребна да го отпочната својот бизнис, која е планирана да се испорача во јануари 2020.

Проектот исто така обезбедува директна поддршка на новите бизниси преку набавка на потребна опрема за околу 40 бизниси во нивната најкритична старт-ап фаза.

Активностите во овој резултат се финансирани од Норвешка.